Куманово одамна не е само град на трговија и занаетчиство, туку економски центар во кој се развиваат различни бизниси – од трговија со моторни горива, преку градежништво и продажба на градежни материјали, до метална индустрија, хемиски производи, млечна и месна преработка. Значајно место имаат и компаниите од автомобилскиот сектор, како и бизнисите од малопродажба и услуги, што создава разновидна локална економска структура.
Лани, кај дел од водечките компании има пад на приходите, но други бележат солиден раст и ја одржуваат динамиката на бизнисот. Истовремено, кај добивките има промени во редоследот на најпрофитаб…