Приход од над 697 милиони евра и добивка од речиси 53 милиони евра се резултатите на кумановските компании. Кумановци се умешни во бизнисот, без оглед што прометот нараснал за скромни 4,23 насто, но се покажале во профитот, кој за една година е пораснат за речиси 24 насто. Веројатно, тоа е резултат на намалени трошоци и зголемена ефикасност, кон што се додава и намалување на бројот на вработените (‒ 3,02 %), што, пак, е тесно поврзано со растот на платите. Кумановските компании, 2.883 на број, лани функционирале со 12.025 вработени, а за нивните плати секој месец просечно била исплаќана сума од 831,3 илјади евра. Вкупниот месечен фонд за плати е повисок за 14,26 насто.
Извор: Бизнис Мрежа
ДЕСЕТ ФИРМИ ПРАВАТ ТРЕТИНА ОД ОБРТОТ
Водечките 10 трговски друштва од градот лоциран во североисточниот дел од државата, во текот на минатата година оствариле заеднички приход од 211,4 милиони евра. Тоа е една третина од вкупниот износ постигнат на ниво на општината. Споредено со 2023 година, обртот е поголем за 11,85 насто и е во опсег од 11,8 милиони до 48,7 милиони евра, покажуваат податоците на Бизнис Мрежа ш…