Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Куба ја прекина употребата на американскиот долар

14 јун. 2021 г.·2 мин читање·1029 прегледи

Следете не на Viber

Централната банка на Куба ги суспендира депозитите на американскиот долар на национално ниво. Република Куба ја прекинува употребата на американски долари поради ограничувањата предизвикани од ембаргото со американски и странски банки.

Куба, островската земја лоцирана на Карипско Море, Мексиканскиот Залив и Атлантскиот Океан, соопшти дека оваа недела американските долари ќе бидат суспендирани во земјата. Информацијата доаѓа од централната банка на земјата и на странските туристи им беше речено да ги оставаат американските долари дома при посета.

„Со оглед на пречките што ги создава американското ембарго за системот на национална банка да депонира во странство американски долари што се собираат во земјата, беше донесена одлука за привремено суспендирање на депозитите во американски банкноти во банкарскиот и финансискиот систем на Куба“, изјавија членовите на централната банка на Куба (БЦК).

Јамиле Бера Цирес, потпретседател на БЦК, објасни за време на дискусијата на тркалезната маса дека на почетокот на раководството на администрацијата на Трамп, САД ја заострила контролата на ембаргото. САД имаат ембарго со Куба од 1958 година и САД имаат бројни проблеми со Куба за време на претседателството на Ајзенхауер и претседателството на Кенеди, исто така. По кризата во 2008 година, САД и Куба се чинеше дека гравитираат кон попријателски услови за време на претседателството на Обама.

Во петокот, Мајами Хералд објави дека УСД на кубанскиот црн пазар скокна за 3 пати повисоко од глобалниот курс на 70 кубански пезоси.
Сепак, потпретседателот на БЦК Бера Цирес тврди дека проблемите се влошиле по Трамп и рече дека 24 странски банки престанале да соработуваат со Куба. „На Куба и е сè потешко да најде меѓународни банкарски или финансиски институции подготвени да примаат, конвертираат или процесираат американска валута во готово“, забележа понатаму Бера Цирес.

„Луѓето кои ќе дојдат во земјата за ова време ќе мора да пристигнат со друга валута освен доларот“, рече Франсиско Мајобре Ленче, првиот потпретседател на БЦК.

Клучни зборови

  • Куба
  • надвор од употреба
  • УСД долар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk