Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ОсигурувањеФондови

„КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ“ СЕ СТЕКНА СО СЕРТИФИКАТ ЗА ИСО 9001:2015 СТАНДАРД

4 авг. 2020 г.·2 мин читање·1426 прегледи

Следете не на Viber

Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување согласно своите стратешки вредности и ценејќи ја довербата на своите осигуреници цврсто застана зад проектот за имплементација на систем за квалитет согласно стандардот ИСО 9001:2015, кој би се почитувал и применувал како трајно начело во сите подрачја од работењето. Преку континуирано залагање за одржување и зајакнување на начелата за квалитет,  ќе се овозможи подобрување на сите процеси и задоволување на барањата на клиентите, кои се секогаш  примарна цел во работењето на Друштвото.

Највисокиот менаџмент заедно со оперативното раководство за квалитет на Кроација Осигурување АД – неживот во изминатиов период беше насочено кон имплементација на нов стандард за квалитет, кој во домен на неживотно осигурување не е едноставен за имплементација поради низа комплекности на процесите. Процесот се одвиваше во неколку фази а основата беше скенирање на сите процеси во работењето и формирање на процесни матрици кои ќе донесат квалитет, брзина но и контрола во сите домени од работењето. Резултатот беше успешна сертификација од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance. Тоа што многу малку компании во нашата држава поседуваат ваков Сертификат не прави препознатливи по уште една значајна карактеристика – квалитетот во работењето“ – ни изјави Вилма Учета Дузлевска – Генерален Извршен Директор на Кроација Осигурување Неживот АД Скопје.

 

Политиката за квалитет произлегува од мисијата и стратегијата на Друштвото и е дел од неговата деловна политика. Основната цел е да ги регулира активностите на осигурување во насока кон висока професионалност и  квалитет на услугите, континуирано следење на задоволството на клиентите преку нивни препораки и барања, одржување на задоволство и мотивираност на вработените како и следење на ризиците и проактивно учество во спречување на истите, но и мерливост на резултатите и нивна ефективност и ефикасност.

Клучни зборови

  • Вилма Учета Дузлевска
  • Генерален Извршен Директор на Кроација Осигурување Неживот АД Скопје
  • Кроација осигурување - Неживот
  • Кроација Осигурување АД - Друштво за неживотно осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk