Автор: Татјана Бојковска
Авторот на текстот е носител на сертификатите CFA и CAIA и член на CFA Institute и CAIA Association и Раководител на сектор за инвестиции во Сава пензиско друштво ад Скопје
Демографските предизвици со кои се соочуваат повеќето развиени и не толку развиени држави во годините зад нас доведоа до редизајнирање на пензиските системи и преземање на дополнителни мерки кои се насочени кон обезбедување на долгорочни извори на приходи, пред се заради обезбедување на соодветни приходи за идните пензионери.
Неповолните трендови доведоа и до некаде поуспешно, а некаде помалку успешно, кревање на свесноста дека стареењето на населението, особено кога е придружено со одлив на работна сила, на долг рок се очекува да има негативно влијание како врз приливите и финансиската кондиција на државните пензиски фондови, така и врз буџетските приходи.
Ширењето на пандемијата на Ковид-19 доведе до силна фискална поддршка која резултираше…