Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Кристоф Зомер – нов амбасадор на Швајцарија во земјава

7 ное. 2025 г.·2 мин читање·894 прегледи

Следете не на Viber

Новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер, ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска Давкова. На средбата тие ги потврдија добрите билатерални односи и ја изразија својата заложба да продолжат со нивно зајакнување, информираат од швајцарската амбасада.

„Многу сум горд што сум назначен за амбасадор на Швајцарија во вашата земја и убеден сум дека во наредните години ќе се појават нови можности за зајакнување на нашите односи“, изјави амбасадорот Зомер.

Тој нагласи дека Швајцарија придава големо значење на здружувањето на силите со Северна Македонија во обликувањето на заедничката иднина, во време кога глобалната заедница се соочува со нова ера на политички и економски превирања, кога Европа е сред бура, долгогодишните меѓународни норми и институции се сè повеќе под притисок, а технолошките промени имаат силно влијание на сите нивоа.

Заедно со заложбата за понатамошно продлабочување на политичката, економската, културната и научната размена, новата Програма за соработка 2025-2028, којашто се фокусира на демократското владеење, одржливиот економски развој, и водата и животната средина, останува клучен столб на билатералните односи, во услови кога Швајцарија се подготвува да претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа во 2026 година.

Швајцарија е присутна во земјава од 1992 година, а дипломатските односи беа формално воспоставени во 1994 година. Швајцарската амбасада во Скопје беше отворена во 2000 година. Врските меѓу двете земји се зајакнати и преку големата заедница со потекло од Северна Македонија што живее во Швајцарија.

Амбасадорот Зомер исто така ќе ја надгледува и Швајцарската програма за соработка, којашто се спроведува во тесна соработка со државните институции, граѓанското општество и приватниот сектор. Во текот на изминатите три децении, Швајцарија придонесе со околу 370 милиони швајцарски франци во развојна соработка, што ја прави еден од најважните билатерални партнери на Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Клучни зборови

  • амбасада
  • Амбасадор
  • Швајцарија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk