Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Кристалина Георгиева и официјално директорка на ММФ по Кристин Лагард

26 сеп. 2019 г.·2 мин читање·297 прегледи

Следете не на Viber

Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд ја одобри Кристалина Георгиева за извршен директор на ММФ, со што стана првата личност надвор од Западна Европа која го презеде раководството на таа моќна институција.

Фото: Bloomberg

Управниот одбор на ММФ ја избра за следен извршен директор на ММФ – 12-ти по ред откако Фондот е создаден во 1944 година – за петгодишен мандат со почеток од 1 октомври.

– „Огромна е одговорноста да се биде на чело на ММФ во време кога глобалниот економски раст продолжува да биде фрустрирачки, трговските тензии продолжуваат и долговите се на историски високо ниво. Наш непосреден приоритет е да им помогнеме на земјите да го минимизираат ризикот од кризи и да бидат подготвени да се справат со кризите. Притоа, не смееме да заборавиме на нашата долгорочна цел – поддршка на стабилни монетарни, фискални и структурни политики за градење посилни економии и подобрување на животот на луѓето. Тоа исто така значи и решавање на прашања како што се нееднаквост, климатски ризици и брза технолошка промена“, изјави Георгиева.

Бугарката Георгиева (65) досега беше извршна директорка на Светска банка, а на чело на ММФ доаѓа на местото на Кристин Лагард, која поднесе оставка во јули откако лидерите на ЕУ ја избраа за претседател на Европската централна банка.

Клучни зборови

  • Кристалина Георгиева
  • Кристин Лагард
  • Меѓународнен монетарен фонд
  • ММФ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk