Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Крипто лудило: Биткоин достигна 1 трилион долари пазарна вредност и вреди 56.000 долари

20 фев. 2021 г.·4 мин читање·1679 прегледи

Следете не на Viber

Светската криптовалута број 1 – Биткоин,  во петокот достигна рекордно висока вредност, за прв пат до сега постигнувајќи пазарна вредност од над 1 трилион долари.

Еден биткоин БТЦУСД, 7,66%, скокна на рекордни 56.238,55 американски долари, врз основа на цените што ги следи CoinDesk, за кратко доведувајќи ја својата вкупна пазарна капитализација до врв од 1,043,317,273,952 долари, според податоците на истражувачката компанија CoinMarketCap.com.

Биткоинот последен пат порасна за 7,66% во петокот на околу 56.238 американски долари, и се зголеми за над 86% од почетокот на 2021 година. За споредба, цените на златото GC00, 0,30%, на кои биткоинот честопати се натпреварува за инвестициски долари, до сега се намалени за скоро 6% оваа година.

Во меѓувреме, индексот S&P 500 SPX, -0,01% очекува годишна добивка од 4,5%, Dow Jones индустрискиот просек DJIA, 0,23% е во пораст од 3,3% и Nasdaq Composite индексот COMP, 0,15% од почетокот на годинава е во добивка од над 8%.

„Цената на биткоинот што достигнува 1 трилион долари е највозбудливата вест за оваа година“, напиша Наим Аслам, главен аналитичар на пазарот во „АваТрејд“, во порака на е-пошта. „Ова долго се надовестуваше и факт е дека сме многу блиску до промена на ситуацијата на пазарот на злато, вели тој.

Искачувањето на дигиталните добра создадени пред само 12 години од лице или лица познати како Сатоши Накамото се припишува на зголемениот институционален интерес за биткоин и други алтернативни добра со криптографска поддршка.

Пасијата за биткоини доби нова искра на почетокот на овој месец кога корпорацијата Тесла TSLA на Елон Маск, -1,08% изјави дека во јануари има стекнато 1,5 милијарди долари во биткоини и дека би можеле да го прифатат првото дигиталното средство во светот како средство за плаќање во иднина.

Доцна во четвртокот, Маск објави твит, дополнително објаснувајќи ги причините за неговото вложување во биткоини, опишувајќи ја одлуката како „едноставно помалку глупав облик на ликвидност од готовината, доволно авантуристичка за компанијата S&P500“.

To be clear, I am *not* an investor, I am an engineer. I don’t even own any publicly traded stock besides Tesla.

However, when fiat currency has negative real interest, only a fool wouldn’t look elsewhere.

Bitcoin is almost as bs as fiat money. The key word is “almost”.

— Elon Musk (@elonmusk) February 19, 2021

Други институции, вклучително и PayPal Holdings Inc. PYPL, кој уште во ноември ја отвори својата платформа за крипто-валути пред сите клиенти од САД, помогнаа за наглото зголемување на цените на биткоините во последните недели и месеци.

И неколку угледни инвеститори од Волстрит, вклучително и Стенли Дракенмилер и Пол Тудор Џонс, го прифатија биткоинот. Познатиот инвеститор Бил Милер, основач на компанијата Miller Value Partners, во писмо до клиентите овој месец објавено на веб-страницата на фирмата, ги потврди своите оптимистички погледи за биткоинот.

Една перспектива што вреди да се спомене е дека и покрај параболното движење на биткоин во последниот период на неговата доминација, неговиот удел во пазарната вредност во споредба со другите алтернативни дигитални средства е само околу 60%, што е помалку од неодамнешниот врв од околу 70% кој го достигна на почетокот на годинава

Ова може да значи дека и други криптограми, како Ether ETHUSD, 0,57%  Етереум, исто така, предизвикуваат силен интерес кај купувачите заедно со биткоинот.

Р.П

Клучни зборови

  • АваТрејд
  • Биткоин
  • Наим Аслам
  • пазарна вредност
  • трилион долари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk