Минатата година банкарскиот систем ја заврши со пласирани кредити од 8,67 милијарди евра и депозити во висина од 7,21 милијарда евра. Структурата на кредитите многу зборува и за самата економија и за животниот стандард на населението. Врз основа на податоците од Народна банка, „Пари“ ја анализира структурата на кредитирањето, а таа покажува дека народот поретко посегнува по кредитните картички што обично служат за некои „инстант“ задоволства – да се купи некој апарат за домаќинство, да се поднови семејството со облека, да се направи некоја ситна поправка по дома, или едноставно, да се истурка месецот до следната плата. Податоците покажуваат дека стивнува и интересот за минусно салдо, па иако има мал годишен раст во декември 2023 година…