Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Кредит Плус – нов потрошувачки кредит на Еуростандард Банка наменет за здравствени работници

29 апр. 2020 г.·2 мин читање·263 прегледи

Следете не на Viber

0% камата за првите три месеци, 0% провизија за обработка, 0% за административни трошоци и 0% за предвремена отплата – ова се четирите главни карактеристики на новиот потрошувачки кредит „Кредит +“ на Еуростандард Банка, а кој е наменет за вработените во здравствените институции.

Еуростандард Банка одлучи да го воведе овој нов потрошувачки кредит со исклучително поволни услови во рамките на своето кредитно портфолио со цел да им се заблагодари на сите доктори, медицински сестри, медицински лаборанти, медицински техничари, фармацевти односно на хероите во бели мантили за ризикувањето на своите животи во борбата со коронавирусот и пожртвуваноста во заштитата на колективното здравје.

Износот на „Кредит +“ е до 900.000 денари, во зависност од кредитоспособноста на кредитобарателот, а рокот на отплата е до 10 години, поточно на 120 еднакви месечни ануитети, по избор. По истекот на промотивниот период од 3 месеци, каматната стапка изнесува 4,9% годишно. Дополнителна предност кај овој кредит преставува тоа што не се потребни жиранти доколку се аплицира за кредит до 600.000 денари.

Овој исклучително поволен кредит, меѓу другото, може да се употреби за рефинансирање на кредити во друга деловна банка, за рефинансирање на кредитни лимити на картички во други деловни банки, за рефинансирање на изложености во ЕСБ, но и за дополнително одобрување на кредитен лимит со секој одобрен кредит, што ќе се користи преку кредитни картички или во форма на дозволено пречекорување на трансакциска сметка.

Постапката за аплицирање за „Кредит +“ е брза и едноставна односно апликантите кои се вработени во ЈЗУ и ПЗУ потребно е да поднесат барање за кредит, административна забрана на плата и фотокопија од документ за лична идентификација.

Повеќе информации поврзани со „Кредит +“, заинтересираните здравствени работници можат да добијат на телефоните за контакт 02/3249-452 и 02/3249-474 или во експозитурите на Еуростандард Банка АД Скопје низ државата, како и низ широката и распространета мрежа на филијали на Македонска Пошта АД Скопје, каде исто така може да се аплицира за било кој кредит што Банката го нуди во своето кредитно портфолио.

Во интерес на здравјето на своите клиенти, Еуростандард Банка АД Скопје нуди можност и за online аплицирање на својата веб страница, поточно на следниот линк.

Клучни зборови

  • Еуростандард банка АД Скопје
  • здравствени работници
  • ковид-19
  • коронавирус
  • Кредит +
  • кредити
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk