Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

КРАЈ НА ИКОНСКИТЕ ТОПКИ МОЦАРТ: Се затвора австрискиот чоколаден гигант

7 дек. 2024 г.·2 мин читање·4773 прегледи

Следете не на Viber

Салцбург Шоколаде ја затвора својата индустриска фабрика во Гродиг во источна Австрија, во близина на Салцбург, родниот град на композиторот Волфганг Амадеус Моцарт.

Службата известува дека компанијата веќе еднаш банкротирала – пред 3 години. Барањето за стечај било поднесено до Регионалниот суд во Салцбург во ноември 2021 година. Неколку месеци подоцна, фабриката била преземена од романската групација KEX Confectionery.

Во декември 2022 година, дел од производството било затворено, а 25 вработени биле отпуштени. Меѓу причините биле зголемените трошоци за суровини, транспорт, пакување и енергија.

Во 2024 година била донесена одлука целосно да се прекине производството поради драстичниот пораст на цените на суровините –  цените на какаото се зголемија тројно. Дополнително, компанијата ја прекина соработката со еден од најголемите клиенти и констатира дека производниот капацитет е преголем. „Долгорочното продолжување на производството е економски невозможно“, наведува Салцбург Шоколаде во комуникацијата.

Салцбург Шоколаде е австриска семејна компанија и производител на бонбони која работи од 1890 година. Позната е, меѓу другото, и по Мирабел Моцарткугел, популарните Моцарт топчиња направени по рецепт на слаткарот Пол Фурст.

Последниот Мирабел Моцарткугел беше произведен на 5 декември. Веќе денес, топката од 17,4 грама чоколадо со фил од лешник, ф’стаци и марципан влезе во историјата – барем онаа произведена во Австрија.

Салцбург Шоколаде не е единствената компанија за производство на чоколада која се соочи со предизвици. Банкротира и француската фабрика за чоколади Пулен.

Клучни зборови

  • австрија
  • Мирабел Моцарткугел
  • Салцбург Шоколаде
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk