Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ковачевски: Зголемено домашното производство на храна, обезбедени над седум милијарди денари за субвенции

2 мар. 2023 г.·2 мин читање·1243 прегледи

Следете не на Viber

Во услови на криза е стабилизирано и зголемено домашното производство на храна и лани земјоделското производство забележало раст и по количини и по цена. За годинава се обезбедени повеќе од седум милијарди денари за субвенции, а поддршката е наменета за сите значајни култури и за развој на сточарството. Притоа, новиот модел на субвенционирање ќе  стимулира реално земјоделско производство, кое земјоделците ќе треба да го докажат преку остварен принос, рече премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на пратенички прашања во Парламентот.

Сто и пет милиони евра, односно 6,5 милијарди денари им се исплатени на 80 илјади корисници на субвенции за растително и сточарско производство преку Програмата за директни плаќања. Државата за прв пат, нагласи, доби Национален план за производство на храна и Интервентна програма за поддршка на секој земјоделец. Инвестирани се интервентни 900 милиони денари, со што е ублажена кризната состојба во неколку земјоделски сектори.

Според него, со новата Програма се обезбедила поддршка за производителите на стратешки житни култури, преку субвенционирање набавка на вештачко ѓубриво од 40 проценти, бидејќи војната во Украина влијаела за раст на цените во тој домен. Мерката ја искористиле повеќе од 10.000 земјоделци. А, дополнителна субвенција добиле и млекопроизводителите. Со тоа, како што рече, се покажало дека земјоделството е меѓу врвните владини приоритети.

Освен тоа, посочи, како дополнителни мерки за стимулација на домашното производство на храна и на земјоделците ставени се на располагање над 14.000 хектари земјоделско земјиште за производство на житни култури, на сточна храна и за подигнување долгогодишни насади, а „најголем успех е постигнат кај производството на сончоглед, кое е двојно зголемено“.

Годинешниот буџет  наменет за земјоделието е најголемиот досега, вреден околу 12 милијарди денари, потенцира Ковачевски, објаснувајќи дека е поставен на пет клучни столбови – реформа во земјоделството и нов модел на субвенционирање, фокус на малите производители, капитални водостопански инвестиции, зелена транзиција и модернизација на земјоделското производство, што значи над 200 милиона евра за земјоделците.

Клучни зборови

  • Димитар Ковачевски
  • земјоделие
  • пратенички прашања
  • Собрание на РМ.
  • субвенции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk