Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ковачевски: Забележани се зголемени цени и профити во малопродажбата, нема да има пардон

13 сеп. 2023 г.·2 мин читање·1613 прегледи

Следете не на Viber

Најранливите категории граѓани, пред се пензионерите, примателите на загарантирана социјална помош, младите, односно студенти и средношколци ќе добијат државна помош со прераспределбата на Буџетот кој е доставен до Собранието, најави премиерот Димитар Ковачевски. Освен тоа, ќе има и ригорозни мерки поради зголемувањето на цените и големите профити.

„Сметам, антикризниот пакет треба да биде обемен, за да опфати повеќе граѓани кои имаат потреба од дополнителни финансиски средства во текот на зимските месеци. Со оглед на тоа дека се работи за категорија граѓани кои не можат да остваруваат дополнителни приходи“, изјави Ковачевски како одговор на новинарско прашање при увидот на почетните градежни активности за изградба на затворен пливачки базен во Општина Карпош.

За поскапувањата во малопродажбата посочи дека на таа тема разговарале со министрите за економија и за финансии.

„Од статистичките анализи изработени од експерти во Министерството за економија, но и од надворешни експерти, се забележува зголемување на цените и профитите во малопродажбата. Соодветно на тие анализи ќе бидат предложени ригорозни мерки од Владата и нема да има пардон. Сигурно ќе има негодувања, но нема да дозволиме во време на криза некој да ги зголемува своите профити во апсолутен износ на сметка на граѓаните, кои треба да врзат крај со крај“, категоричен е премиерот. Притоа додаде дека е можно и замрзнување на цените.

Клучни зборови

  • антикризни мерки
  • владини мерки
  • Димитар Ковачевски
  • цени
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk