Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

КОВАЧЕВСКИ: Само енергетските капацитети изградени во 2022 доволни за струја за цело Тетово, Охрид, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Свети Николе

30 јан. 2023 г.·2 мин читање·1633 прегледи

Следете не на Viber

„Како Влада се насочивме кон обезбедување домашна енергија со искористување на природните потенцијали: сонце, ветер и вода, при што, за само една година, во државава има изградени нови електроцентрали со над 152 мегавати инсталиран капацитет за производство на струја од обновливи извори. Регулаторната комисија за енергетика, минатата година издаде 267 дозволи за производство на зелена електрична енергија“, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во своето денешно обраќање на отворањето на годишната конференција „Година на нови можности“, што се одржува денеска и утре во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Овие инвестиции имаат значителен придонес во енергетската трансформација и независност, истакна Ковачевски. Обновливите извори на енергија веќе се реалност во Европа. Но, ние дома сакаме да го постигнеме европскиот прогрес за пократко време. Затоа започнавме да создаваме Зелен енергетски центар во Европа. Бидејќи нашата држава ги има природните потенцијали: сонце, ветер и вода. Имаме 280 сончеви денови секоја година, што е над европскиот просек. Огромен е потенцијалот за изградба на соларни централи и општо и целосно производство на енергија од обновливи извори, додаде премиерот.

„Овие нови централи што произведуваат струја од сонце, ветер, вода и биогас што се изградени за една година“, нагласи Ковачевски, „се еднакви со енергетските капацитети кои се граделе со години како ХЕЦ Козјак, ХЕЦ Св.Петка и ветерниот парк Богданци“.

Со капацитетите изградени само во 2022 година, може да се покријат потребите на 65.700 домаќинства, со просечна потрошувачка на електрична енергија. Односно, со енергијата од ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ инсталирани во 2022 година, како што нагласи македонскиот премиер, може да се задоволат потребите на домаќинствата од шест градови од земјава: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка и Св.Николе. И тоа само за 1 година. Вака придонесуваме и кон намалување на цените на електричната енергија, додаде тој.

„До крајот на оваа 2023 година, во македонскиот енергетски систем очекуваме да бидат инсталирани околу 300 мегавати од фотонапонски електрани, преку инвестиции со помош на мултилатералните финансиски институции и билатерални кредитори. Заедно со она што беше инсталирано во минатата година ќе имаме инсталиран капацитет од обновливи извори на енергија еднаков на капацитетот кој денес го има РЕК Битола“, истакна Ковачевски во воведното обраќање до конференцијата.

Клучни зборови

  • ветерници
  • Димитар Ковачевски
  • енергетика
  • енергетска криза
  • обновливи извори
  • фотоволтаици
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk