Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

КОВАЧЕВСКИ НА ФОРУМОТ ГЛОБСЕК ВО БРАТИСЛАВА: ЕУ направи стратешка грешка со ветото за Македонија и Албанија, тоа не се поправа за пет минути

31 мај 2023 г.·3 мин читање·743 прегледи

Следете не на Viber
ЕУ по војната во Украина ја сфати стратешката грешка која ја направи пред неколку години кога ни беше наметнато вето на Северна Македонија и на Албанија. Кога ќе направите стратешка грешка не може да ја решите за 5 минути, рече премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање пред Форумот на Глобсек 2023 што се одржува во Братислава, говорејќи во рамките на панел-дискусијата на тема:„Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“. „Стратешките грешки имаат свој ефект во период од 5 до 10 години најмалку“, нагласи Ковачевски.

Ковачевски говореше за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан, истакнувајќи ја важноста од создавање на услови за соработка и поттикнување на економскиот раст на државите во регионот. Тој повторно зборуваше и за стандардот на поранешна Југославија, потенцирајќи дека земјите во југоисточна Европа па и во Источна Европа, се економски силни, затоа што се членки на ЕУ, а правејќи споредба со стандардот на поранешна Југославија, Ковачевски рече дека стандардот тогаш бил 10 пати поголем од стандардот на некои сегашни земји членки на ЕУ.

„Стандардот на Југославија беше 10 пати поголем од стандардот на Словачка, Полска, Унгарија, Бугарија, Романија заедно. А стандардот на вашите земји, затоа што тука гледам луѓе од Словачка, Чешка сега е подобар само поради тоа што сте членки на ЕУ.  Патот на напредување на Западен Балкан, како што велите вие е членство во ЕУ. Дали ќе дојде тоа одеднаш или секторски тоа начинот на кој ќе се спроведува“ рече Ковачевски.

Претседателот на Владата, ја истакна и улогата на Европската Унија за економски просперитет на Западен Балкан и изнаоѓање начини за меѓународните партнерства. Наместо Балканот да се стигматизира, Ковачевски истакна дека понекогаш е добро да се слушнат размислувања и на земјите од југоисточна Европа кога станува збор за  прашања кои се во интерес на ЕУ како целина и Европа како континент.

Поддршката од европските фондови е клучна за развојот на земјите од Балканот, а членството во ЕУ е единствениот пат за нивен напредок. „Кога јазот се зголемува во економска смисла тоа значи дека нивото на образование се намалува, инфраструктуриниот јаз се зголемува, транспортниот јаз се зголемува имаме зголемување на јазот и во ефикасноста на институциите“, рече Ковачевски. “Помошта што ја добивме беше потребна, нужна во тоа време но исто така морам да потенцирам дека нашиот народ, нашите институции, заедно со премиерите на Албанија и Грција, работиме заедно се со цел да ја решиме кризата и ја поминавме зимата“, нагласи премиерот.

Клучни зборови

  • Албанија
  • вето
  • Димитар Ковачевски
  • ЕУ
  • југославија
  • македонија
  • стандард
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk