Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Костовски: „Јас ќе им вратам“

25 ное. 2020 г.·2 мин читање·5263 прегледи

Следете не на Viber

Трифун Костовски, еден од сопствениците на згаснатата Еуростандард банка, објави во колумна дека Кривичниот суд му го блокирал имотот.

„Почитувани, со завршување на предистражната постапка, мојот личен имот ми е комплетно блокиран. Говорам за имот кој е стекнат пред повеќе од 35 години, ама ако е во интерес на правдата и вистината, немам ништо против“, пишува во колумна објавена на порталот „Либертас“.

Костовски вели дека не станува збор за мали пари, туку се работи за огромна сума на пари.

„Се работи за повеќе од 100 милиони евра – маса во која се наоѓаат парите на коминтентите на Еуростандард банка и парите кои ние како акционери ги инвестиравме во банката“, вели Костовски.

Блокадата е на барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Замрзнати биле хартии од вредност, сметки и недвижен имот на негово име како и на членови на неговото најтесно семејство.

Отворена е предистражна постапка за четири лица, но обвинителството не споделува детали оти во овој дел постапката била тајна.

„Сега посегнаа да ми го блокираат имотот, бидејќи тоа е можноста да ја водам натамошната битка за вистината. Да појаснам што тоа значи: имам имот, не смеам да го отуѓам, а сакам да го отуѓам бидејќи ми се потребни финансиски средства за водење на оваа војна. Што уште остана да ми земат? Мојот живот? Им го нудам на тацна“, пишува Костовски.

Мудроста вели, „Господ ќе им врати“, а јас, не сакам да го мешам севишниот, па затоа велам „Јас ќе им вратам“, но не како осветољубие, туку во име на правдата. 

Целата колумна може да ја прочитате [тука]

Клучни зборови

  • блокиран имот
  • Еуростандард банка АД Скопје
  • трифун костовски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk