Вкупниот промет на компаниите коишто се во сопственост на косовски државјани лани бил 299,4 милиони евра. Тие заеднички направиле добивка од 11,7 милиони евра. Податоците од Бизнис мрежа покажуваат дека приходот на компаниите бил помал отколку во 2023 година, но од друга страна направиле поголема добивка, или нивната профитна маржа се зголемила. Во компаниите се зголемил бројот на вработени од 2.420 во 2023 година на 2.529 лани, а пораснале и платите.
Извор: Бизнис Мрежа
КИТ-ГО РАСТУРА И ПО ПРИХОД И ПО ДОБИВКА
Портфолиото на косовски фирми во Македонија е богато. На врвот од табелата по приход и по добивка е трговскиот синџир Кит-го. Екс фис авијација обезбедува снабдување со гориво за авијација и услуги за полнење во авиони за мно…