Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

КОШНИЦАТА НОВ МОДЕЛ ЗА КОНТРОЛА НА ЦЕНИТЕ: Што ли содржи есенското пакување?

12 сеп. 2024 г.·3 мин читање·2189 прегледи

Следете не на Viber

Со моделот „кошница“ ќе се зауздуваат цените на прехранбените намирници. Се стартува со есенската пратка, чија содржина од стотина артикли ќе биде утврдена во текот на утрешниот ден. Сепак, се споменуваат млеко и млечни прозводи, брашно, грав, ориз, месо, овошје… И актуелната ајварка, за која беше најавено дека годинава ќе го поскапе домашниот рецепт за ајвар. Освен тоа, не е прецизирано како ќе се делува врз цените, со замрзнување или со ограничување на маржите. И двата начини познати и испробани во праксата.

„Работната група ќе направи симулација за ограничување или на цените или на маржите на овие сто производи. Ќе се направат пресметки со намалување на маржите на пет, десет или 15 проценти на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата треба да даде информација кое ќе биде најповолното решение за крајните цени за потрошувачите и какви ќе бидат фискалните импликации од оваа мерка“, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Потоа, додава, предлогот и симулацијата ќе одат на наредната владина седница „и ќе донесеме одлука за намалување на цените на овие основни прехранбени производи за крајните потрошувачи“.

По есенската, ќе има зимска односно божиќна, велигденска, рамазанска кошничка, а составот на производите ќе се менува согласно периодот. Што претпоставува дека цените ќе бидат под контрола „quatre saisons“ и состојбата ќе биде многу поразлична од (до)сегашната на слободен и постојан раст. Познато е, залетот е фатен уште од почетокот на март, по одмрзнувањето на претходно замрзнатите цени.

Вообичаено, трговците се против регулацијата со владина одлука и бараат слободно формирање на цените по принципот на пазарната логика. На тоа се повикуваше и сегашната власт од позиција на опозиција, при што се тврдеше дека „замрзнувањето на цените како мерка за борба против инфлацијата е антитеорија, антипракса и антиекономска мерка“, која може „да им се удира од глава“ на тие што ја применуваат.

Без оглед на гледиштата, за граѓаните е важно цените да не дивеат и да имаат барем некаков животен сртандард. Олеснување ќе претставува и практичната примена на Законот за нефер трговски практики која, според Дурмиши, ќе започне од 28 месецов. Опфатени се 2.548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговијата на мало и на големо, чиј рабат и дополнителни трошоци ќе бидат ограничени на 10 проценти.

Сепак, за да се оствари главното очекување од овој законски акт – стабилизација на цените, потребно е одредбите да имаат доследна и неселективна реализација во трговијата, особено во делот на казните кои се движат од 50 па до 20 илјади евра.

М.А.

Клучни зборови

  • Бесар Дурмиши
  • есенска кошница
  • закон за нефер трговски практики
  • замрзнување на цени
  • ограничена маржа
  • прехранбени производи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk