„ПАРИ” АНАЛИЗА: Во „Аџибадем Систина“ минатата година граѓаните оставиле запрепастувачки 77,5 милиони евра, а во „Жан Митрев клиник“ 32,5 милиони евра, или само во овие две приватни здравствени установи, за извршените здравствени услуги, народот платил 110 милиони евра! Во 2020 година, пак, во овие две болници се слеале 69,1 милион евра или 40,9 милиони евра помалку од лани. Ова го покажуваат податоците за приходите на здравствени установи кои порталот „Пари“ ги обезбеди во соработка со БизнисМрежа.мк.
И покрај тоа што трупаа бомбастични приходи, двете болници останаа имуни на молбите на граѓаните да сочувствуваат во корона кризата и да ги намалат цените.
Во Македонија, според регулативата секој има здравствено осигурување, но корона-пандемијата го клекна здравствениот систем на колена, а приватните здравствени установи, каде што многумина побараа спас, тоа добро го наплатија. Додека на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат апели за собирање пари за помош на болните, на површина исплива и болната вистина, дека за една недела лекување авансно се бараат по 12.000 евра. На крај, сметките што стигнуваа до граѓаните беа страшни, 20-30 илјади евра преживеал или не пациентот. За…