Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Копонг со фасцинантно деби на берзата во Њујорк

15 мар. 2021 г.·2 мин читање·572 прегледи

Следете не на Viber

Јужно-корејскиот гигант за е-трговија, Копонг, забележа фасцинантен скок од 40% во своето дебитирање на Њујоркшка берза во четвртокот, со што неговата Почетна јавна понуда беше најголема оваа година во Соединетите држави.

Акциите на Копонг се тргуваа со 63,50 долари на почетокот и го завршија денот на тргување со 49,25 долари, со што пазарната капитализација на компанијата достигна 84,47 милијарди долари, пренесува CNBC

Компанијата бараше 35 долари по акција на првичната понуда, што беше над целниот опсег од 32 до 34 долари по акција, што првично беше утврдена.

Копонг, кој беше основан од корејско-американскиот милијардер Бом Ким во 2010 година, честопати се споредува со Амазон или Алибаба затоа што гарантира испорака на нарачката истиот, или најдоцна следниот ден.

Компанијата има повеќе од 100 центри за логистика за нарачки во повеќе од 30 градови и вработува околу 15.000 возачи во Јужна Кореја. Според податоците, Копонг минатата година ги удвои своите приходи на 12 милијарди долари, но сепак пријави нето загуба од околу 475 милиони долари за 2020 година.

Дебито на пазарот на капитал во Њујорк може да означи уште еден успешен потфат на „СофтБанк“, чиј фонд, вреден 100 милијарди долари, поседува над 35 проценти од сопственоста во Копонг.

Меѓу инвеститорите на Копонг се и инвестициските фондови Sequoia Capital и Black Rock.

Клучни зборови

  • Берза
  • иницијална понуда
  • ипо
  • јужна кореа
  • копонг
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk