Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

КОНФИСКАЦИЈА НА НЕЛЕГАЛНО ИЗГРАДЕНИОТ ОБЈЕКТ НА СПОРТСКИОТ АЕРОДРОМ СТЕНКОВЕЦ, најави вицепремиерот Николоски

8 фев. 2026 г.·3 мин читање·4746 прегледи

Следете не на Viber

Министерството за транспорт, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Државниот градежен инспекторат, како и Аероклубот на спортскиот Аеродромот Стенковец Скопје – ќе се започне постапка за КОНФИСКАЦИЈА на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец, објави денес министерот за транспорт и врски и вицепремиер Александар Николоски на својот Фејсбук профил.

 „Имајќи предвид дека објектот е целосно нелегално изграден на државно земјиште, надлежните органи одлучија да се обратат до Обвинителството и Судот и да побараат целиот објект да се конфискува во корист на државата, со цел истиот да може го користи Агенцијата за цивилно воздухопловство за тренинг на пилоти и други потреби“, напиша Николоски.

Во октомври минатата година порталот Плусинфо објави дека на спортскиот аеродром Стенковец бил изграден објект кој организира свадби и други настани и концерти, а на социјалните мрежи се спомнуваше податокот дека објектот има неверојатни 250.000 квадратни метри.

Тогаш од Аероклубот „Скопје“ тврдеа дека нема ништо спорно. Долгогодишниот член на Аеро-клубот и инструктор по падобранство, Јане Стефанов, објаснуваше дека тоа што настаните во „Дион Стенковец“ се рекламираат како да се одржуваат на површина од 250.000 квадратни метри е само „рекламна хипербола“ на Инстаграм, но дека реално се користат само околу 35.000 квадрати, без да се зафаќа пистата или целиот аеродром, односно дека ваквите тврдења биле само рекламен трик.

Министерството за транспорт како институција која е надлежна за објекти од прва категорија како што се аеродроми, болници кои третираат терциерна здравствена заштита, градби за високо образование, спортски сали, стадиони и други државни инфраструктурни објекти, во изминатиот период сериозно пристапи кон решавање на проблемот со нелегалните објекти кои спаѓаат во оваа категорија.

Во октомври минатата година, Државниот градежен инспекторат донесе решение за рушење на објект  во кој се организираа свадби и други веселби на спортскиот аеродром Стенковец со кој оперира  Аероклубот „Скопје“ бидејќи бил дивоградба и е небезбеден за организирање на свечености.

Инспекторатот тогаш соопшти дека при вонредниот инспекциски надзори констатирани се низа неправилности во однос на градбите, односно констатирано е дека на лице место постојат објекти кои се дивоградби, а во истите се организирале настани (свадби, прослави, други активности).

Била изречена и забрана за користење на салата за свадби, терасата и апартманите, за организирање на музички концерти, родендени и свадби бидејќи претставуваат непосредна опасност по животот и здравјето на луѓето. Инспекторатот му забрани на Аероклубот да не  врши ниту адаптација на намената на Хангарот за авиони за организирање на музички концерти, родендени и свадби, без да поседува Одобрение за пренамена.

Тогашниот вонреден инспекциски надзор, како што е соопштено, бил по налог на владата.

Ова е јасна порака дека нема да се толерира изградба на нелегални објекти на места каде Министерството за транспорт и Државниот градежен инспекторат имаат надлежност, истакна во својата денешна објава Николоски.

Клучни зборови

  • Аеродром Стенковец
  • Александар Николоски
  • министерство за транспорт и врски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk