Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Конференција на АмЧам за поттикнување на одржлива бизнис околина со прифаќање на ESG-стандардите

12 дек. 2023 г.·4 мин читање·9374 прегледи

Следете не на Viber

„Поттикнување на одржлива бизнис околина“, денес во Скопје се одржува конференција посветена на ESG-стандардите за животна средина, општествени прашања и управување (environment, society, governance). Настанот е организиран од страна на Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), со поддршка на Центарот за меѓународни приватни претпријатија од Вашингтон (CIPE).

„Ние го поддржуваме овој проект бидејќи разбираме дека ефективната стратегија за одржливост претставува важна конкурентна предност за бизнисот во модерната глобална економија. Способноста да им обезбедите детални информации за вашето работење на потенцијалните инвеститори и деловни партнери ги ублажува ризиците, обезбедувајќи континуиран пристап до пазарот и намалувајќи ја веројатноста за прекршување на регулативите. Одлучивме да соработуваме со АмЧам по однос на ова прашање бидејќи цврсто веруваме дека усогласеноста со одржливите практики е од клучно значење за понатамошно поврзување на приватниот сектор во Северна Македонија со меѓународните синџири на снабдување“ – посочи во своето обраќање пред присутните Мишел Кримс, заменик-директорка на Центарот за антикорупција и управување при CIPE.

На настанот се обрати Митја Пирц, директор на консултантската компанија Kearney Slovenia, кој ги презентираше клучните сознанија од анализата на подготвеноста и зрелоста за имплементација на ESG-стандардите кај македонските компании. Според него, речиси половина од компаниите кои учествувале во истражувањето изјавиле дека се добро запознаени со концептите на ESG, но анализата покажала дека тие најчесто го преценуваат своето разбирање и знаење за овие стандарди.

Пирц истакна дека македонските компании имаат добри перформанси во сегментот на стратегија и бизнис планирање, како и во однос на влијанието врз животната средина. Меѓутоа, забележан е широк простор за подобрување во сите сегменти, особено во однос на влијанието врз општеството и засегнатите страни, благосостојбата на нивните вработени и прашањата поврзани со разноликоста на работното место.

Презентацијата на Пирц послужи како одличен вовед во следната панел-дискусија, како дел од која претставници на приватниот сектор кои доаѓаат од компаниите Гентерм, Цементарница УСЈЕ и НЛБ Банка ги споделија своите најдобри деловни практики поврзани со ESG-стандардите.

Следуваше предавањето на Марија Цијади, генерална извршна директорка на Impacta Consulting, која даде осврт на регулаторната агенда на ЕУ за ESG-стандардите и нејзината релевантност за корпоративниот сектор во земјите кои не се членки на ЕУ.

„Овие регулативи, насочени кон поттикнувањето одржливи практики, регулирани финансии и етичко корпоративно однесување, го преобликуваат глобалниот деловен пејзаж. Земјите што не се членки на ЕУ се принудени да се развиваат според оваа нова регулаторна рамка, бидејќи компаниите кои работат на меѓународно ниво мора да се придржуваат до овие стандарди за ефективно да се вклучат на пазарот на ЕУ. Тие мора да ги усогласат своите финансиски и корпоративни практики со критериумите за ESG на ЕУ, предизвикувајќи значајна промена во парадигмата на меѓународните деловни норми и растечка глобална посветеност на одржливи и општествено одговорни практики“ – истакна Цијади.

Дискусијата во врска со ESG поврзаните регулативи во Република Северна Македонија ја продолжија претставници на Народната банка, Македонската берза, Минстерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање, кои зедоа учество во панелот „Идентификување на клучните фактори за воспоставување на погодна ESG средина“.

Последниот дел од конференцијата беше посветен за вмрежување и размена на мислења помеѓу присутните гости и експерти од јавниот и приватниот сектор.

 

Клучни зборови

  • ESG-стандарди
  • бизнис околина
  • Марија Цијади
  • Митја Пирц
  • Мишел Кримс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk