Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Конференција „Finance Talks by EOS“ 2025: Иновации и дигитална трансформација – предизвиците во планирањето на долгорочниот раст

24 ное. 2025 г.·3 мин читање·936 прегледи

Следете не на Viber

Иновациите во финансиските услуги, дигиталната трансформација на институциите и примената на напредни технологии ќе бидат во центарот на годинешната конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10 декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Годинешната тема: „Иновации и дигитална трансформација – предизвици во планирањето на долгорочен раст и одржливост на финансиските услуги“, ја отвора една од најрелевантните теми за современиот финансиски сектор. Настанот ќе го води д-р Катерина Бошевска, извршна директорка на EOS Матрих за Македонија и Косово.

„Finance Talks by EOS“ веќе е воспоставена како релевантна платформа за размена на експертски ставови, со цел да ја унапреди финансиската писменост и да ја зајакне информираноста на граѓаните и институциите за најновите глобални финансиски трендови и нивната практична примена. Преку оваа платформа, ЕОS Матриx Македонија продолжува да отвора важни теми и да ја поттикнува иновацијата што води кон стабилен и одржлив финансиски систем.

Конференцијата и овој пат ќе отвори важни теми за развојот на економијата и обезбедувањето на долгорочно одржлив економски раст, поврзувајќи ги експертите од финансискиот сектор, бизнис заедницата, науката и институциите. Ќе се отвори дискусија за иновациите, дигитализацијата и напредните технолошки решенија што го трансформираат начинот на кој се развиваат и испорачуваат финансиските услуги. Токму ЕOS Матриx, членка на реномираната ЕОS Групација, е лидер во примената на дигитални алатки за унапредување на финансиското работење, како што е MyEOS платформата, како дигитално решение чиј број на корисници постојано расте, а овозможува лесен, сигурен и персонализиран пристап на клиентот до неговите финансиски обврски. Теми кои неминовно ќе бидат опфатени се и вештачката интелигенција, како и финтек-иновациите кои креираат нови модели на работа, поголема транспарентност и подобро корисничко искуство. На конференцијата ќе се дискутира и за прашања кои се поврзани со одржливоста, управувањето со ризици, креирањето долгорочни стратегии, како и отпорноста на институциите во време на забрзани технолошки промени. Секако, говорниците ќе се осврнат и на потребата од континуирано зајакнување на финансиската писменост, особено во период кога младите сѐ порано се вклучуваат на финансиските пазари.

ЕОS Групацијата работи во повеќе од 25 земји и вработува над 6.000 професионалци, континуирано инвестирајќи во дигитализација, нови технологии и современи процеси.

ЕОS Матриx Македонија, како лидер на локалниот пазар, останува посветена на подигање на стандардите во управувањето со побарувања и на воведување современи технолошки решенија кои создаваат поефикасен и одржлив финансиски екосистем.

Клучни зборови

  • Finance Talks by EOS
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk