Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

МИЛИОНСКИ СУМИ, СЕМЕЈНИ КЛАНОВИ, ШЕМА „ТРЕТА СМЕНА“ и… многу ѓубре – „Комунална хигиена“ денес

10 јул. 2023 г.·4 мин читање·4713 прегледи

Следете не на Viber

Возилата на јавното претпријатие „Комунална хигиена” ноќеска излегоа да го собираат ѓубрето низ Скопје, наталожено претходните денови. Исполнувањето на работната обврска беше под принуда, односно со асистенција на полицијата и со закани за приведување. Во кругот на претпријатието беше и директорката Косана Мазнева-Николиќ. Таа бараше вработените да работат, а тие од неа – да даде оставка.

Комуналците го почнаа штрајкот пред три дена, што веднаш се забележа низ градските улици. Скопје потона во ѓубре. Причината за прекинот на работата, како што посочија, се отказите што ги добиле некои од вработените. Освен тоа, искажаа и барања за повисоки плати, исплата на регрес за годишен одмор и бенефициран стаж.

ГодинаВкупни приходиНето добивкаБрој на вработени
20221.279.119.089,00-41.729.594,001.272
20211.314.385.592,00-43.203.165,001.398
Проценти-1.31%-3.41%-9,01 %

Ова јавно претпријатие минатата година ја завршило со загуба од 41.729.594 денари, или 674 илјади евра. Минусот е намален за 3,41 отсто во споредба со 2021, кога изнесувал 43.203.165 денари, односно 698 илјади евра. Бројките кажуваат дека лани „Комунална хигиена“ имала вкупни приходи од 20,9 милиони евра и расходи од 21,5 милиони евра. Една година пред тоа, приходите изнесувале 21,2 милиони евра, а расходите 21,9 милиони евра. Исто така, лоша е и бонитетна оцена – Ц Д. Лани во претпријатието лебот го ваделе 1.272 вработени.

Инаку, просечната плата што ја добиваат работно ангажираните е едвај нешто повисока од загарантираниот минималец – 23.402 денари.

Незадоволството кај вработените произлегува од сознанието дека во претпријатието влегуваат милионски износи од дејностите што ги извршуваат, најмногу од основната – отстранување смет и чистење, за што граѓаните и фирмите плаќаат месечни сметки. Оттаму и обвинувањата за лошото менаџирање и од раководството и од Град Скопје.

Во таа насока се и реакциите на градоначалниците на скопските општини, за укинување на ова јавно претпријатие и секој сам во својот „двор“ да ги организира работите околу одржувањето на хигiената. Всушност, согледувајќи ги состојбите на теренот, повеќето градоначалници (пред полицијата да ги убеди комуналците да се вратат на работа) известија дека се организирале со механизација и најавија дека во текот на ноќта и рано утрово отпадот ќе биде отстранет. Зашто, „граѓаните не смее да бидат жртви на лошото управување во градот“.

Градот и дава безрезервна поддршка на директорката Косана Мазнева-Николиќ, која не им ги продолжи договорите на повеќемина работници за кои вели дека веќе од 20 години воопшто не доаѓале на работа, а примале плата. Исто така, се обидела да ја разбие шемата „трета смена“. Односно, една група постојано работи во трета смена, цели 15 години, затоа што платата е 35 проценти повисока. Што е спротивно на Законот за сменско работење. Според директорката, најголем дел од тие луѓе не ги извршувале работните обврски, не се појавувале на работа, но биле запишани и за прекувремени работни часови и за работа во време на неработни денови.

Синоќа градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, презентираше документи со презимето Дардишта, како и повеќе други имиња, каде што во делот на функции е наведено – метач, советник на директор, работник за собирање смет, хигиеничар.

„Од документот можете да видите дека едно презиме, односно една фамилија во јавното претпријатие ‘Комунална хигиена’ има вработено се што му е род до шесто колено. Од една фамилија има над 40 вработувања. Од втора фамилија има над 30 вработувања. И овие мафијаши нема да бидат повеќе толерирани во Градот Скопје“, децидна е Арсовска.

Дардишта се презива и синдикалниот претставник, кој во четвртокот доби отказ од директорката на јавното претпријатие.

Скопската градоначалничка се надева дек институциите ќе продолжат да постапуваат и дека никој нема да дозволи на штета на граѓаните да не се собира сметот и да се блокира работата.

Граѓаните, пак, се огласија на социјалните мрежи:

„Да Ви кажам ГРАЦКИ… ЏАБЕ ЖИВИШ У СКОПЈЕ … Абе уште Бугарите у уставот и ЕУ моментално ќе не прими. моМЕНТАЛНО“.

„За хигиената на Скопје се одговорни две госпоѓи. Скопје никогаш го немам видено во толку ѓубре. Срамота жени“.

„Со 78% усмрдевте и ‘уздуж и попрекo’. Трул систем, смрдена држава, расипани политичари, разболен народ! Реа!!! Не заслужи чесниот граѓанин вака!!!“.

Клучни зборови

  • комунална хигиена
  • плати
  • протест
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk