Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Компанијата КАМ – посветен партнер на македонската економија

19 јун. 2025 г.·2 мин читање·2726 прегледи

Следете не на Viber

КАМ – македонскиот бр. 1 малопродажен синџир, продолжува да го поддржува развојот на македонската економија преку соработка со голем број домашни производители и пласман на нивните производи на домашниот пазар како и во регионот.

KAM соработува со повеќе од 160 домашни производители, а на македонскиот пазар во 2024 година пласирал домашни производи во вредност од над 113 милиони евра. Речиси 3 милиони евра е извозот што во 2024 година го реализирале македонските производители преку продажната мрежа на KAM на пазарите во Бугарија и Косово.

Поддршката на домашното производство е клучен двигател на економскиот развој. Горди сме што соработуваме со голем број македонски производители, нудејќи им стабилен пласман и фер услови за раст. Оваа соработка не само што овозможува свежи и квалитетни производи на нашите рафтови, туку и директно придонесува за отворање на нови работни места и зајакнување на локалните економии низ целата држава. Како компанија, остануваме посветени на создавање вредност дома – за производителите, за потрошувачите и за заедницата во целина – велат од КАМ.

Исто така, според податоците од „Бизнис Мрежа“, компанијата и во 2024 година го задржува приматот на најголем работодавец помеѓу трговските синџири со повеќе од 1400 вработени и е прогласена за вработувач кој обезбедува највисока просечна плата помеѓу конкурентите во категоријата.

Во моментов, компанијата функционира со 85 маркети во Македонија и 26 маркети во Бугарија. Во Македонија, КАМ минатата година остварил приход од над 298 милиони евра и профит од речиси 7 милиони евра. Вложувањето во модернизација на продажната мрежа и поддршката на локалната заедница се само дел од стратегијата на компанијата да остане сигурен и одговорен партнер на македонскиот пазар.

ПР Објава

Клучни зборови

  • кам
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk