Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Компаниите со тренинзи ќе ја зголемуваат отпорноста

5 дек. 2023 г.·2 мин читање·781 прегледи

Следете не на Viber

За да стекнат поголема отпорност, компаниите прво треба да го проценат ризикот, да подготват повеќе сценарија и да се тестираат што би правеле во одредени кризни ситуации, беше посочено за панел дискусијата „Градење отпорност преку ефективно планирање на континуитетот на бизнисот“, во организација на Стопанската комора и УНДП.

„Првиот чекор што го препорачуваме за компаниите е да направат проценка за ризикот. Откако ќе го направат тоа да изработат различни сценарија и врз основа на процената на ризикот и на сценаријата да се подготват преку вежби како би постапиле во кризна ситуација“, посочи постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан. Притоа, додаде дека целта е компаниите да станат поотпорни во услови на брзо настапувачки кризи – земјотреси, пожари, експлозии, но и на кризите што бавно доаѓаат, како што се климатските промени. За сето тоа во УНДП имаат долгогодишни искуства. Потврда за тоа е неодамнешната Ковид-криза, во која УНДП понуди програмска опција.

„Понудата се модифицираше според околностите во секој поединечен контекст во кој работи УНДП. Во Украина има еден вид понуда, во Газа друг. Во Северна Македонија тој контекст е сосема поразличен и нашата понуда ќе биде модифицирана според потребите на државата“, наведе Григорјан, нагласувајќи дека за нашата земја најважно е да се одржи синџирот на снабдување и диверзификација во снабдувањето.

Стратегијата за постапување во вонредни состојби, превенирањето и подобрувањето на позициите на компаниите е од големо значење, смета претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој потсети на скопскиот земјотрес од 1963, кога „се сруши целата економија и згаснаа огромен број животи како капитал ненадоместлив за бизнисот. Со панел дискусијата УНДП  и целата меѓународна заедница покажа дека знаат точно да ги лоцираат темите кои што можеби нас ни изгледаат нелогични, но имаат свој придонес  за нашето работење, рече Азески.

Како што вели, СКСМ како комора на иднината отвора нови теми и нови алатки во функција на компаниите, а меѓу нив и оваа – да се подготвени за каква било ситуација, со цел штетите да се што помали.

Клучни зборови

  • компании
  • криза
  • отпорност
  • СКСМ
  • ундп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk