Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Компаниите го спасија растот на депозитите во март – граѓаните повлекле 31,8 милиони евра

22 апр. 2026 г.·3 мин читање·6135 прегледи

Следете не на Viber

Вкупните депозити во март достигнаа износ од 666,4 милијарди денари, односно 10,8 милијарди евра. Проследени се со месечна стапка на раст од 1,8 насто и со годишна од 11,3 насто. Паралелно со тоа се зголемува и кредитната активност на банките – вкупно се пласирани 570,4 милијарди денари или близу 9,3 милијарди евра. Месечниот раст во овој сегмент е 1,4 насто, а годишниот 13,1 насто.

Сепак, во март има промена во однесувањето на граѓаните. Депозитите на домаќинствата паднаа за 0,4 отсто на месечно ниво. Од банкарските сметки се повлечени околу две милијарди денари (31,8 милиони евра), па мартовското салдо е 7,2 милијарди евра. Според информацијата на Народната банка, падот целосно произлегува од намалувањето на депозитните пари и краткорочните денарски депозити.

Од друга страна, депозитите на компаниите пораснаа за 7,5 насто на месечно ниво и се во износ од околу 3,2 милијарди евра. Всушност, тоа е и главната причина за вкупниот месечен раст на депозитите. Годишното зголемување на средствата на корпоративниот сектор е за 13,7 насто.

Што се однесува до задолженоста, за еден месец товарот на домаќинствата е зголемен за 1,3 насто, а вкупната сума е 4,6 милијарди евра. Годишната промена е плус 11,5 насто. Притоа, најголем удел имаат потрошувачките кредити со речиси 2,4 милијарди евра, кои имаат месечен и годишен раст од 1,2 и 10,9 насто. Следуваат станбените кредити со 1,8 милијарди евра (+1,5 %, односно +15,9 %).

Кај автомобилските кредити не е регистрирано месечна промена, но во споредба со истиот месец минатата година се зголемени за 4,2 насто. Раст има кај задолжувањето преку кредитните картички од 0,4 насто, додека на годишна основа се намалени за 3,8 отсто. Негативните салда на тековните сметки, кај кои претходно имаше извесен пад, во март пораснале за 4,6 насто, а на годишно ниво за 0,4 насто. Пониски за 1,2, односно за 12 отсто се кредитите одобрени врз други основи.

Кредитите, пак, што ги користат компаниите се исто така во износ од над 4,6 милијарди евра и бележат месечен раст од 1,5 насто и годишен раст од 15 насто.

Од Народната банка посочуваат дека паричната маса (М3) во март се зголемила за 1,7 насто, а на годишно ниво за 11,6 насто, главно како резултат на растот на депозитите.

Клучни зборови

  • вкупни депозити
  • вкупни кредити
  • граѓани
  • компании
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk