Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Комората на сметководители при ССК обезбеди дигитален пулт за превенција од Ковид 19

26 мај 2020 г.·3 мин читање·228 прегледи

Следете не на Viber

Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори, денес обезбеди дигитален пулт за бесконтактно мерење на температура и за дезинфекција за Институтот по белодробни заболувања кај децата Козле.

Дигиталниот пулт е целосно безбеден, прецизен и едноставен за употреба, а делува за превенција од ширење на вируси и други заразни болести. Опремен со термални камери кои ја мерат температурата на човекот на растојание до еден метар, имаат вграден систем за детекција на лицата и вграден автоматски систем за безконтактна дезинфекција на раце. Уредот има капацитет за 600 корисници за еден час и значително ќе помогне за спречување на вируси и бактерии во Институтот каде примарни пациенти се деца.

„Дигиталниот пулт кој денес е поставен во Институтот покрај превенција од ширење на Ковид-10, ќе овозможи и висока контрола на здравствената состојба на лицата кои влегуваат во здравствената установа, со оглед на неговата мултифункционалност за дезинфекција и мерење на температура, како и детекција на лицата кои влегуваат со можност да бидат препознаени и со заштитна маска. Подобрување на условите особено во установи како оваа каде е приоритет заштита на здравјето првенствено на децата, е приоритет во општествената одговорност за Комората на сметководители. Солидарноста во услови на здравствено-економска криза е од голема важност и придонесува за потенцирање на вредностите и она што е важно за секој од нас“, изјави Бране Попоски, член на УО на Комора на сметководители.

Директорот на Институтот д-р. Ангелчо Андоновски, истакна голема благодарност до Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори, кои во услови на здравствено-економска криза го поддржуваат македонскиот здравствен систем и несебично придонесуваат за зајакнување на здравствените капацитети. Андоновски додаде дека ова е нивна втора поголема донација, по неодамнешното поставување на Тунелот за дезинфекција на влезот на болницата, со цел значително да се намали можноста за внесување на вирусот во болницата.

Во изминатиот период, Сојузот и неговите членови организираа кампањи и акции за обезбедување опрема и помош за најранливите категории. Минатата недела беше реализирана голема помош, донацијата од 85 респираторни машини кои претседателот на Градежната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија во име на 4 компании ги донира на македонскиот здравствен систем во присуство на Премиерот и Министерот за здравство. Претседателот на комората на сметководители реализираше опрема на специјален пулт за дезинфекција при Институтот за белодробни заболувања кај децата.

Клучни зборови

  • Ангелчо Андоновски
  • дигитализација
  • ковид19
  • Комора на сметководители
  • коронавирус
  • стопански комори
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk