Комерцијална банка: На овој линк може да проверите дали вашата картичка е изготвена и каде да ја подигнете

2 мин читање2343 прегледи


Комерцијална банка од денес започна со издавање на картичките „Купувам домашно“. Банката со СМС порака ќе ги извести корисниците за кои има валиден телефонски број дека нивната платежна картичка е изготвена и дека истата може да се подигне во една од специјално наменетите експозитури/шалтери.
На следниот линк корисниците можат да проверат дали нивната картичка е изготвена и во која експозитура треба да ја подигнат, како и да ја проверат состојбата на расположливи средства:
https://www.banka.com.mk/DPK.aspx
Сите информации за картичките „Купувам домашно“ од Комерцијална банка можете да ги прочитате на следниот линк:
https://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2490&lang=1&uc=1
Картичката се издава лично на корисникот на финансиската помош, кој со себе треба да носи важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), а за малолетно лице без документ за идентификација задолжително е присуство на родител/старател и поседување извод од матична книга на родени.
За да проверите дали Вашата картичка ќе се издава преку Комерцијална банка АД Скопје, Ве молиме да ја посетите веб-страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.
Банката ќе ги извести корисниците за кои има податок за телефонски број, како и корисниците кои имаат Интернет банка или мБанка, кога картичката ќе биде изработена, како и за тоа каде истата може да се подигне.