Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ГО ПРОДАДЕ ИМОТОТ НА „Еуроникел“ за 40 милиони евра

25 мар. 2024 г.·3 мин читање·1007 прегледи

Следете не на Viber

Комерцијална банка договори продажба на имотот од кавадаречки „Еуроникел“ во вкупна вредност од 40 милиони евра. Купувачи се друштва од холадски холдинг, дел од турската „Јилдирим Груп“, која има распространети бизнис активности, а на овие простори присутна е на Косово.

За договорот Комерцијална банка ја извести јавноста преку ценовно чувствителна информација објавена на Македонска берза

„Согласно член 158 од Законот за хартии од вредност, Комерцијална банка АД Скопје објавува дека на 22.03.2024 година Банката склучи Договори за продажба на имот стекнат врз основа на ненаплатени побарувања од ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ ДОО с.ВОЗАРЦИ КАВАДАРЦИ, НОВА ИНЖЕНЕРИНГ  ДООЕЛ КАВАДАРЦИ за износ од ЕУР 31.300.000 и НОВА РЕФРАКТОРИ ДОО ПЕХЧЕВО за износ од ЕУР 8.700.000 без даноци и давачки, со друштва основани од холандската холдинг компанија Polynickel Holding BV, која е дел од групацијaта Yildirim Group“.

Воедно, се наведува дека „за конечната реализација на трансакцијата потребно е да се исполнат одредени законски и регулаторни барања“.

Некогашното „Фени“ подолго време се соочува со проблеми, печката тлее, а 800 вработени стравуваат за сопствената егзистенција. На почетокот од февруари беше отворена стечајна постапка, како резултат на барањата од една прилепска компанија, јавно претпријатие од Кавадарци и Синдикатот на вработените во „Еуроникел“, кои побаруваат над 2,1 милион евра за четири неисплатени плати.

Според анализата на петгодишното работење, од 2019 фабриката постојано бележела добивки, а голем пад се случил во 2022 година. При отворањето на стечајната постапка беше посочено дека книговодствено компанијата има побарувања и од домашни и од странски субјекти, но и од државни институции, што дополнително требаше да се утврди.

Инаку, имотот и опремата на „Еуроникел“, кој до неодамна се вбројуваше меѓу најзначајните македонски извозници, премина во сопственост на Комерцијална банка, откако таа како најголем доверител ја активира хипотеката.

„Еуроникел“ има големо влијание врз локалната економија на Кавадарци, па за продажбата се огласи и градоначалникот Митко Јанчев.

„По залагањето на градоначалникот Митко Јанчев заедно со Комерцијална Банка АД Скопје за стечајната постапка за Еуроникел Индустри, на 22.03.2024 година се склучи договор за продажба на фабриката Еуроникел Индустри од страна на Комерцијална Банка АД Скопје со компанијата Polynickel Holding BV, која е дел од групацијата Yildirim Group, а преку новоформираната компанија Дабл Игл ДООЕЛ. Општина Кавадарци и Комерцијална Банка се среќни што оваа фабрика за производство на фероникел, по завршување на законските регулативи, ќе започне со производство и пред се ќе ги повлече на работа сите вработени кои беа дел од фабриката, но и сите компании кои се директни добавувачи на фабриката. Општина Кавадарци со Градоначалникот Митко Јанчев и Комерцијална Банка АД Скопје ќе се залагаат според сите правни и законски можности, заедно со стечајнииот управник, преку стечајната постапка на Еуроникел Индустри, да се обештетат вработените и сите останати доверители“, се вели воинформацијатаод кабинетот на кавадаречкиот градоначалник, објавена на „Фексбук“.

М.А.

Клучни зборови

  • Polynickel Holding BV
  • Еуроникел Индустри
  • Јилдирим груп
  • комецијална банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk