Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Комерцијална Банка донираше две амбуланти возила за Здравствениот дом во Скопје и Охрид

15 дек. 2020 г.·3 мин читање·2015 прегледи

Следете не на Viber

Две амбулантни возила за Итна помош, 280 кислородни концентратори, маски за неинвазивна вентилација и 7.120 тестови за Covid-19 донираше Комерцијална банка на Министерството за здравство за да им помогне на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот. Со најновата донација во вкупна вредност од 20.700.855,00 денари (околу 336.600 евра), Комерцијална банка уште еднаш даде поддршка на македонското јавно здравство.

„Во борбата со пандемијата сме исправени сите и сите во рамките на своите можности треба да придонесеме за полесно справување со пандемијата. Развојот на настаните ни покажува дека за жал вирусот Covid-19 и натаму претставува сериозна закана за здравјето и животот на граѓаните, кој ги исцрпува медицинските ресурси и силите на здравствените работници. Со најновата донација Комерцијална банка прави нов исчекор и уште еднаш дава значајна поддршка на општеството во овие исклучителни мигови за нашата земја и за граѓаните. Нашата цел е како банка  во соработка со  Министерството за здравство да им помогнеме на здравствените власти во справувањето со последиците од вирусот“, изјави д-р Маја Стевкова Штериева, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје.

Годинава, ова е петта по ред донација на Комерцијална банка за потребите на јавното здравство, со што вкупната помош од Банката за здравствените работници достигна 590.000 евра.

Во март, беа донирани медицински заштитни маски за лице во вредност од 1.198.750,00 денари, беше обезбедена финансиска помош – донација во износ од 6.150.000,00 денари за потребите на Министерството на здравство и дополнителни 8.220.000,00 денари за вработените во Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби Скопје и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија. Со најновата донација, за потребите на јавните здравствени установи Комерцијална банка обезбеди две амбулантни возила за Итна медицинска помош, 280 кислородни концентратори наменети за контиунирана кислородна терапија на пациенти со хронични белодробни заболувања, 7.000 брзи тестови за утврдување на присуство на вирусот Covid-19, 120 реагенси за тестови, како и маски за неинвазивна вентилација за еднократна и повеќекратна употреба.

Клучни зборови

  • амбуланти
  • банка
  • Венко
  • возила
  • две
  • донираше
  • за Здравствениот дом во Скопје
  • комерцијална
  • Филипче
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk