Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Колку заработува ВЕРО, најдобриот супермаркет за 2021-ва според тајните купувачи?!

17 дек. 2021 г.·3 мин читање·1049 прегледи

Следете не на Viber

ВЕРО е најдобар супермаркет за 2021-ва. Град Скопје му ја додели оваа титула во рамки на традиционалната манифестација ,,Месец на трговијата” на која градските власти во соработка со агенцијата SWOT Research ги избираат најдобрите трговски објекти во осум категории.

Веро ја доби првата награда во категоријата супермаркети. Сепак грчкиот трговски ланец на маректи не е само најдобар супермаркет, оваа компанија е број еден и по добивка во земјава. Според податоците, ВЕРОПУЛОС во 2020 остварил приход од 88,2 милиони евра и е трета по остварени приходи во земјава.

Сепак, кај добивката ВЕРО е дефинитивно супериорна на македонскиот пазар. Во 2020 неговата добивка била 10,5 милиони евра што е речиси двојно повеќе од профитот на компанијата на втората позиција.

Инаку, наградата за најдобар супермаркет  се доделува според оценките на независни и објективни тајни купувачи, кои во текот на ноември ги посетуваа трговските објекти и го оценуваа квалитетот на услугата што тие ја нудат според однапред утврдени критериуми.

Различни тајни купувачи имаа три посети на супермаркетите, при што го оценуваа изгледот на продажното место, првиот контакт со вработените, спроведување на ковид-19 заштитните мерки, услугата кон купувачите, продажните вештини на вработените, завршниот контакт со купувачите и генералното задоволство од купувачкото искуство.

Веро доби највисоки вкупни оценки во сите категории, со што го освоија првото место пред останатите оценувани супермаркети. Плакетата за најдобар супермаркет ја прими генералниот директор на Веро, Петар Денковски, од претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески.

Денковски им се заблагодари на потрошувачите за нивната доверба во Веро и за долгогодишната лојалност кон овој бренд.

– Кога Веро како бренд првпат се појави на македонскиот пазар, си поставивме цел дека секогаш на потрошувачите ќе им овозможуваме врвна услуга во секој сегмент. Ова признание за нас е најдобар показател дека сме ги оствариле зацртаните цели и сме успешни во нашата мисија која трае веќе 25 години. Дури и во време на пандемија успеавме да го одржиме највисокото ниво на услуга и безбедност, за што е заслужен целиот тим на Веро. Постојано ги следиме најновите светски трендови во малопродажбата и ги имплементираме во нашето работење со цел на потрошувачите да им овозможиме врвно шопинг-искуство, најквалитетна услуга и најголем избор на производи. Продолжуваме да ја градиме нашата успешна приказна заедно со нашите ценети потрошувачи – изјави Петар Денковски, генерален директор на Веро.

Клучни зборови

  • веро
  • најдобар супермаркет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk