Растот на приходите и на профитите на маркетите, кој се должи на високите цени на основните производи за секое домаќинство, на инфлацијата, но и на големите маржи на трговците, носи голем револт кај граѓаните затоа што го празни нивниот личен буџет како никогаш досега. Додека остварените финансиски резултати може да се сметаат како успех за маркетите, сепак нивниот успех го влошува животниот стандард на населението, притиснат од поскапувањето на животните трошоци.
Тој револт во минатиот петок ги натера Хрватите да ги бојкотираат маркетите и другите малопродажни места во знак на протест против високите цени и големите профити на маркетите. Овој бојкот стана симбол на отпорот на потрошувачите, кои бараат фер цени и транспарентност од страната на трговските ланци.
Оваа ситуација ја отвора…