Кога пред десет години на студ и снег на плоштад Македонија, Нина Ангеловска заедно со нејзините соработници се бореле со ветрот за да се исправи балонот на топол воздух кој ја носел пораката за раѓањето на Grouper изгледа пораката завршила на вистинското место. Grouper не само што успеал да се справи со сите ветрови туку е првиот сајт за групни попусти кој станува лидер на пазарот на е-трговија во Македонија и платформа која го поттикна он лајн купувањето во земјата.
Мрежата на соработници брои над 2000 компании, над 100.000 корисници се регистрирани за купување на Grouper, а платформата има над 500.000 посетители месечно. По десет години развој во нагорна линија на фирмата, деновиве…