Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Еве колку пари се потребни за да се сметате за богати во 12 големи градови во САД

5 јул. 2022 г.·2 мин читање·4881 прегледи

Следете не на Viber

Во зависност од тоа каде живеете, да поседувате неколку милиони долари може да се смета за само „удобна“ сума на пари, а не за богатство, открива новото истражување. Во САД севкупно, потребен е нето износ од 2,2 милиони долари за да ве сметаат за  „богати“ во однос на  другите Американци – што е за повеќе од 1,9 милиони долари од минатата година, според годишното истражување за модерното богатство на компанијата за финансиски услуги Чарлс Шваб.

Меѓутоа, ако сакате жителите на големите метрополите да ве сметаат за богати, тоа бара уште поголемо богатство. Во Сан Франциско, прагот за она што се смета за богат е нето вредност од 5,1 милиони долари. Тоа е највисокиот вкупен број во истражувањето, кое испитуваше 12 од најголемите метрополи во земјата. За да се смета за „финансиски удобен“, на жител на Сан Франциско ќе му треба нето вредност од најмалку 1,7 милиони долари, открива истражувањето.

Еве поглед на она што е потребно за да се сметате за богати по градови во 2022 година, рангирани според праговите за нето вредност:

  1. Сан Франциско: 5,1 милиони долари
  2. Јужна Калифорнија (вклучувајќи ги Лос Анџелес и Сан Диего): 3,9 милиони долари
  3. Њујорк: 3,4 милиони долари
  4. Вашингтон, ДЦ: 3,3 милиони долари
  5. Сиетл: 3,2 милиони долари
  6. Феникс: 2,7 милиони долари
  7. Бостон: 2,7 милиони долари
  8. Далас: 2,6 милиони долари
  9. Хјустон: 2,6 милиони долари
  10. Атланта: 2,5 милиони долари
  11. Чикаго: 2,5 милиони долари
  12. Денвер: 2,3 милиони долари

Анкетата на интернет беше спроведена на почетокот на февруари, со примерок од 500 до 750 локални жители за секоја метрополска област, на возраст меѓу 21 и 75 години.

Нето вредноста е мерка за вредноста на средствата што ги поседува лицето или корпорацијата, минус обврските што ги должат.

Клучни зборови

  • Америка
  • богаство
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk