Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Колку чинат кредитните трансфери во денари?

24 фев. 2026 г.·3 мин читање·8336 прегледи

Следете не на Viber

Провизиите за кредитен трансфер во денари во земјата се разликуваат зависно од тоа дали средствата се префрлаат во рамките на истата банка или кон друга банка, како и од платниот систем што се користи. Податоците се од Народната банка, од базата наменета за граѓаните, кои на увид ги имаат износите на банкарските услуги.

За кредитен трансфер во денари преку интернет мрежата, кога средствата се префрлаат на сметка во истата банка, не наплатуваат надомест: Алта банка, Комерцијална банка, НЛБ банка, ПроКредит банка, Силк Роуд банка, Стопанска банка Скопје, ТТК банка, УНИ банка, Халк банка и Шпаркасе банка.

Надомест од 5 денари по трансакција наплатуваат Капитал банка и Централна кооперативна банка.

Кога трансферот се врши кон сметка во друга банка, провизијата зависи од тоа дали се користи платниот систем за малите плаќања – КИБС или платниот систем за плаќања во реално време – МИПС.

Кај КИБС, провизиите најчесто се движат од 10 до 16 денари по трансакција. Најниска провизија има Комерцијална банка (10 денари), додека повеќето банки наплатуваат од 14 до 16 денари. Во ЦКБ цените се движат од 15 денари (за износи до 50.000 денари) до 20 денари (над 50.000 денари). Единствено УНИ банка не наплатува надомест.

Кај МИПС (плаќања во реално време), провизиите се повисоки и најчесто изнесуваат од 50 до 55 денари по трансакција. Исклучок се две банки: тарифата на Централна кооперативна банка е 80 денари, а на Капитал банка 70 денари.

Што се однесува до иницирањето денарски кредитен трансфер преку банкомат, достапно е само во три банки – Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје и Халк банка. За оваа услуга не е предвиден надомест.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

https://pari.com.mk/pred-da-povlecete-kes-od-bankomat/

Клучни зборови

  • банки
  • денари
  • иста услуга различни банкарски провизии
  • кредитни трансфери
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk