Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Колкав профит имале ЕВН Македонија, државната ЕСМ и државната МЕПСО?

10 авг. 2020 г.·3 мин читање·3432 прегледи

Следете не на Viber

Еден од најпрофитабилните бизниси во земјава е енергетиката која генерира добивки што се бројат во десетици милиони евра. Па така, ЕВН Македонија – Акционерско друштво за услуги Скопје со добивка во износ од 34 040 000 евра е дури и меѓу првите пет најпрофитабилни компании. ЕВН лани успела да ја зголеми добивката во однос на 2018 година кога изнесувала 18 270 000 евра. Со тоа ЕВН од деветто место на листата на 100 најуспешни компании со вклучен државен сектор скока на петто место по остварена добивка.

Компанијата е меѓу водечките и според остварените приходи.

Во текот на минатата година имала приходи од 242 милиони евра и се наоѓа на петто место на листата 100 најуспешни компании со вклучен државен сектор. Претходната година пак била на на третото место, но лани бележи пад на приходите во однос на 2018 година кога изнесувале 369 милиони евра.

Државата енергетска компанија ЕСМ пак минатата година генерирала добивка од 3,1 милиони евра, и за разлика од претходната година има драстично намалување на прифитот. Односно во 2018 година имала профит од 27, 2  милиони евра. Па така, ЕСМ според профитот годинава е на 54 место на листата  најголеми 100 компании со вклучени државни фирми, а претходната година била на 5 то место. Во однос на приходите, ЕСМ лани имала 207 милиони евра, сума што е нешто помала од тоа што го остварила во 2018 година кога била на петто место според остварен приход, а лани се симнува на шестото место.

Државната компанија МЕПСО пак со приходи од 88,7 милиони евра во текот на минатата година се наоѓа на 24 место на листата Топ 100 компании со вклучен државен сектор и во однос на претходната година има пад за едно место, но и мало намалување на приходите. Во однос на добивката оваа компанија лани имала добивка од 7,2 милиони евра и е зголемена во однос на претходната година кога изнесувала 6,4 милиони евра.

Прочитајте ја целата Анализа: Најпрофитабилните енергетски компании – вртат милионски суми на следниот линк

Клучни зборови

  • ад мепсо
  • ЕВН Македонија
  • есм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk