Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„КОКАИН СЕ ШМРКА НА СЕКОЕ ЌОШЕ, КОЛИЧЕСТВАТА СЕ МЕРАТ ВО КАМИОНИ“: Градоначалникот на Дубровник призна дека хрватската туристичка Мека има проблем со „белиот прав“

17 окт. 2025 г.·2 мин читање·411 прегледи

Следете не на Viber

Kонсумирањето дрога стана сериозен општествен проблем, предупреди градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ на седница на локалната самоуправа, додавајќи дека во Дубровник „кокаинот се шмрка на секој агол“, а количината на месечна потрошувачка може да се мери во камиони, а не во грамови.

„Количината на кокаин што се консумира месечно во Дубровник се мери во камиони, а не во грамови. Количината на амфетамин, екстази и други апчиња и таблети достапни за младите е катастрофална и се надевам дека Советот за спречување на криминалот ќе почне да ги предупредува младите луѓе на сите нивоа за опасностите што демнат од само една апче и каков ефект има врз менталната состојба на млад човек, изјави градоначалникот Франковиќ.

Според него, одамна е познато дека Дубровник е град полн со зависници од дрога, нагласи Франковиќ и додаде: „Кокаинот, дрогата на богатите, на оние што имаат пари, кои повеќе не знаат што да прават со себе, а потоа шмркаат додека не ја изгубат свеста. Има многу од него во градот, а има луѓе што го шмркаат на секој агол. Тоа е општествен проблем за кој треба да се дискутира и да се бараат решенија. Франковиќ, предупреди: „Секој злостор е казнет од историјата, а не сакам иднината да нè казнува, што ќе биде историја“ и додаде дека локалниот Совет за спречување на криминал треба да се занимава со општествениот феномен на кокаинот во Дубровник, а не со тривијални работи.

Непосредниот повод за ваквата реакција на дубровничкиот градоначалник, која се најде во медиумите во целиот регион, беше последната заплена на дрога во Дубровник, неколку дена претходно, кога полицијата на Дубровник-Неретванската жупанија уапсила 24-годишен маж под сомнение за трговија со дрога откако во неговиот стан пронашла нешто повеќе од 1,7 килограми амфетамин.

Кривичната истрага утврдила дека 24-годишникот купувал и пакувал амфетамин, а потоа го продавал на потрошувачите во областа на Дубровник и околината, објави полицијата во неделата.

 

Клучни зборови

  • амфетамини
  • богаташи
  • дрога
  • Дубровник
  • кокаин
  • полиција
  • туризам
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk