Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Крипто

Која ќе биде првата земја каде биткоинот ќе биде официјално средство за плаќање?

7 јун. 2021 г.·2 мин читање·364 прегледи

Следете не на Viber

Наиб Букеле, претседателот на Ел Салвадор, објави дека во таа земја биткоин станува официјално средство за плаќање. Доколку Конгресот ја поддржи идејата на претседателот на Ел Салвадор, малата држава во Централна Америка ќе стане прва во светот во која криптовалутата ќе биде официјално платежно средство.

Во тој случај, биткоинот би се користел како средство за плаќање заедно со американскиот долар, кој е официјална валута во Ел Салвадор.

Претседателот објасни на големата онлајн конференција посветена на биткоинот дека на овој начин ќе им биде полесно на луѓето што ја напуштиле земјата, да испраќаат пари назад во нивната татковина и тоа побрзо, полесно и без дополнителни трошоци.

Повеќе од два милиони Салвадорци живеат во странство, но тие сепак одржуваат тесни врски со нивната земја од каде што потекнуваат, на која и враќаат повеќе од четири милијарди долари секоја година.

Парите што доаѓаат во Ел Салвадор од странство сочинуваат околу 20 проценти од бруто домашниот производ на земјата. Во Ел Салвадор готовината најмногу се користи за плаќање, па 70 проценти од граѓаните сè уште немаат сметки во банка.

– Финансиската инклузија не е само морален императив, туку и начин да се развие економијата на земјата, овозможувајќи им на луѓето пристап до кредити, заштеди, инвестиции и безбедни трансакции – напиша Букеле на Твитер.

Претседателот Букеле најави склучување на партнерство со компанијата за производство на дигитални паричници Strike, која ќе има за задача да ја „изгради“ инфраструктурата за употреба на биткоинот во земјата.

Компанијата ја направи својата апликација за плаќање со криптовалути да биде достапна и во Ел Салвадор и тоа во март, а апликацијата наскоро се најде на првото место според бројот на преземања.

Букеле, младиот и многу популарен лидер на Салвадор, не објасни детално што би значело употребата на биткоин како официјално средство за плаќање и како ќе се надминат проблемите како што се големите осцилации во вредноста на криптовалутата.

Клучни зборови

  • Биткоин
  • Ел Салвадор
  • криптовалута
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk