Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

РСМ Македонија: Која е реалната вредност на зградата на Еуростандард Банка? Дали намерно се пролонгира продажбата.

14 мар. 2023 г.·2 мин читање·1876 прегледи

Следете не на Viber

По две неуспешни аукции за продажба на зградата на Еуростандард Банка, закажана е трета електронска аукција за 15 март. Од средствата кои ќе се добијат треба да бидат подмирени депонентите на банката, а тоа се оние граѓани кои имале штедни влогови поголеми од 30.000 евра, Фондот за осигурување депозити, државата како и некои компании. Оние граѓани со помали заштеди беа обештетени од државата. Неуспешните досегашни аукции според експертите за проценка на недвижен имот водат кон заклучок дека можеби вредноста на овој објект е преценета, а следствено на тоа и индиректно да се претпостави дека некој намерно го кочи процесот на обештетување на депонентите.

Според реномираната интернационална ревизорска куќа РСМ Македонија која направи процена на вредноста на оваа зграда (по официјални методологии за процена на недвижен имот), реалната вредност не кореспондира со она што неофицијално се бара од 8,4 милиони евра.

Објектот има вкупна површина од 3489 квадратни метри, во кои влегуваат 1512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места. Канцеларискиот простор е само 1977 м2. Објектот ревизорската куќа РСМ Македонија го проценува на 5,3 милиони евра.

Објектот не се продава парцијално туку целосно, и навистина станува збор за голем износ на средства за македонски услови кои треба да се издвојат за овој деловен објект.

Деловната зграда на Еуростандард банка е лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, надворешно изгледа атрактивно и секако е штета да не се користи од некого. Особено што со текот на времето ако не се одржува, ќе се обезвреднува и “може да ја прегази времето”!

Вредноста на деловната зграда на Еуростандард банка  треба реално да се процени и да се продаде според пазарни услови, а од добиените средства сите доверители штедачите, Фондот за осигурување депозити, државата  да ги добијат своите средства.

Се поставува прашањето ако овој атрактивен имот не се продаде, каков би бил интересот за другиот не толку атрактивен имот на Еуростандард банка.

Клучни зборови

  • Еуростандард банка
  • зграда
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk