Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Кој зема највисоки плати во Македонија a кои плати се на дното?

24 мај 2021 г.·2 мин читање·1525 прегледи

Следете не на Viber

Каде се крие највисоката просечна бруто-плата во Македонија, а каде платите се на дното, далеку под просекот?

Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата во март годинава изнесува 28.217 денари и бележи раст споредбено со истиот месец лани за 6,8 отсто.

Според Статистика, највисоката бруто плата во март изнесувала 107.022 денари. Толкава плата е исплатена во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности.

Со плата од 73.657 денари на второто место се позиционирани платите во дејноста телекомуникации, а веднаш по нив следува дејноста производство на основни фармацевски производи и фармацевски препарати со 70.008 денари. На четврто место се плати во дејноста финансиски услуги, освен осигурување и пензиски фондови со 66.933 и воздухопловен транспорт со 64.338 денари.

Најниска просечна плата е регистрирана во дејноста производство на кожа и слични производи од кожа и изнесува 23.579 денари  бруто што е далеку под просечната нето плата во Македонија.

Во рангот на најниски пет плати следат платите во дејноста заштитни и истражни дејности со плата од  24.700 денари, па дејноста туристички дејности и туроператори и останати резервациски услуги и дејности поврзани со нив со плата од 25.542 денари.

Потоа, следува дејноста производство на облека со просечна плата од 26.173 денари и услуги поврзани со одржување на згради и уредување и одржување на животна средина и природа со плата во просек од 26.218 денари.

Клучни зборови

  • највисоки плати
  • најниска просечна плата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk