Кога зборуваме за јавните водоводни и комунални системи – од снабдувањето со вода и одведувањето отпадни води, канализациска мрежа – сите мислиме на секојдневните услуги без кои не можеме. Но, зад тие цевки, камиони и опрема тече вистинска финансиска драма. Некои претпријатија ја претвораат секоја испорачана услуга во добивка, други ја инвестираат назад во проекти, луѓе и опрема. Порталот Пари ги анализираше финансиските резултати за 2024 и 2023 година на јавните претпријатија од овој сектор. Податоците, користени од базата на Бизнис Мрежа, откриваат дека висината на приходот не е секогаш предуслов за профитабилност.
Најдобрите јавни претпријатија за водовод и канализација во земјава минатата година оствариле вкупни приходи од 114,6 милиони евра, што е за 4,56 % повеќе во однос на 2023 година, кога прометот изнесувал 109,6 милиони евра. Заедничката ланска добивка на овие 10 претпријатија изнесува околу еден милион евра и е драстично намалена во однос на преклани и тогашните окол…