Цената на станбениот квадрат во Скопје го следи трендот на раст на цените на становите во поголемите градови во регионот. Цените на становите во регионот за една година скокнаа за повеќе од 30 отсто, а во Скопје квадратот стигна и до 2.000 евра. Според градежните експерти, ова зголемување на цените на становите не се должи толку на порастот на цените на градежните материјали и на работната рака, туку на големата побарувачка. Порталот ,,Пари” анализираше зошто и покрај тоа што според бројот на жители во државата има доволно станови, сепак и понатаму се гради.
Според ланските податоци, 307.187, односно 36,6 отсто од становите во државата се празни ‒ некои поради иселување, некои затоа што се купени како инвестиција, а некои затоа што се постари.
Градежните експерти велат дека рекордно високите цени на становите во Скопје делумно се резултат на поскапените репроматеријали и поскапата работна рака, но поголемиот дел се резултат на вештачкото зголемување на цената на градежниот квадрат, односно на…