Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ИНФЛАЦИЈА: Кои се 10-те производи и услуги кои најмногу поскапеле за една година?

11 апр. 2022 г.·2 мин читање·1429 прегледи

Следете не на Viber

Индексот на трошоците на животот во март 2022 година, во однос на март 2021 година, бележи зголемување од 8.8 %, а индексот на цените на мало бележи  зголемување од 9.6 %, забележа Државниот завод за статистика.

Што најмногу поскапело за една година? Еве ја ТОП 10 листата:

  1. течни горива 55,8 %
  2. гас 32,7%
  3. горива и мазива за сопствени превозни средства 29,1%
  4. воздухопловен патнички транспорт 26,1%
  5. масла и масти 23,8%
  6. ракување со сопствени превозни средства 21,3%
  7. фотографска и кинематографска опрема 20,4%
  8. транспортни услуги 19,4%
  9. чистење, поправање и изнајмување облека 18,3%
  10. зеленчук 17 %

Државниот завод објави и дека индексот на трошоците на животот во март 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.6, а индексот на цените на мало изнесува 101.5. Пораст на индексите на трошоците на животот во март 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај млекото за 7.3 %, јајцата за 6.0 %, свежото и разладеното овошје за 5.9 %, лебот и житата за 5.0 %, пивото за 2.9 %, маслото и маснотиите за 1.7 %, месото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.3 %, кафето, чајот, какаото за 1.2 %, виното, цигарите за 0.9 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 0.5 %, сирењето и урдата за 0.2 %.

Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај гасот за домаќинствата за 8.2 %, течните горива за домаќинствата за 8.1 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 6.1 %, патниот патнички транспорт за 5.2 %.

Клучни зборови

  • инфлација
  • производи
  • услуги
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk