Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Кој е најскапиот автомобил на сите времиња, чини 23,3 милиони евра!?

4 јун. 2021 г.·2 мин читање·1480 прегледи

Следете не на Viber

Суперексклузивниот Rolls-Royce Boat Tail чини неверојатни 20 милиони фунти (околу 23,3 милиони евра), што е значително повеќе од кој било нов автомобил во историјата.

Познато е дека Rolls-Royce прави некои од најскапите автомобили на денешницата, но најновиот модел на Гудвуд далеку ги надминува сите други по цена.

Создаден како омаж на истоимените автомобили Rolls-Royce од третата и четвртата деценија на 20 век, Boat Tail ја продолжува традицијата на рачно изработени уникатни модели, како што е уникатното купе Sweptail од 2017 година, кое чинеше 10 милиони фунти.

Кога станува збор за моделот Boat Tail,  Rolls-Royceн аправи само три примероци, а пред вас е првиот од нив.

Цената на овие супер-ексклузивни кабриолети е дури 20 милиони фунти, а секоја од нив е направена според желбите и спецификациите на клиентите.

Rolls-Royce Boat Tail се базира на седанот Phantom, а должината на возилото е импресивни 5.800 mm.

За разлика од алуминиумската основа произведена во серија, секој од трите автомобили има рачно изработена каросерија, додека сите други надворешни елементи, како што се светлосните групи, се исто така уникатни.

Задниот дел на автомобилот е, како што сугерира името на моделот, моделиран според брзи чамци од некои минати времиња, давајќи му ја на возилото потребната доза на ретро изглед.

Капаците направени од дрво се отвораат нагоре, откривајќи преграда во која има два мини-фрижидери со шишиња за шампањ и комплет очила. На последниот дел се крие и чадор што се преклопува, како и две маси за излет во природата.

Под хаубата на таквото импозантно возило мора да има импресивен мотор.

Погонскиот агрегат е преземен и од „Фантом“, а станува збор за 6,75-литарски V12 со 571 К h (420 kW) и 900 Nm. Силата се пренесува на тркалата преку 8-степен автоматски менувач.

Клучни зборови

  • најскап автомобил
  • Ролс Ројс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk