Трговците со нафтени деривати ја имаат централната позиција во економијата, продавајќи стратешки производ без кој не може да се замисли создавањето и дистрибуцијата на секој друг производ. Самото тоа им создава привилегирана позиција и им го дава клучот на успехот.
Порталот „Пари“ во соработка со Бизнис мрежа ги анализира компаниите што се носители на шифрата по дејност 47.3 ‒ трговци на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници.
Податоците покажуваат дека 10 бизнис-лидери со највисоки приходи, кои продавале нафтени деривати на мало, во 2023 година направиле заеднички приход од околу 796 милиони евра, 10 бизнис-лидери по добивка направиле заедничка добивка од околу 19 милиони евра, а 10 бизнис-лидери во оваа дејност што се ис…