Карин Кнајсл стана светски позната откако го покани Путин на нејзината венчавка. Слики од нејзиниот танц со рускиот лидер во Гамлиц во југоисточната држава Штаерска близу словенечката граница го обиколија светот во август 2018 година, пренесува „Гардијан“.
Во тоа време, малкумина во Европа се дружеа со Путин поради анексијата на украинскиот полуостров Крим, па тогашната австриска влада доживеа бројни критики од Брисел. Но, очигледно, шефот на Кремљ не ја заборави таа мала услуга за излегување од изолација, па сега тој одлучи да го постави својот партнер за танцување на врвот на една од најсилните светски компании за нафта.

