Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Кои се ТОП 20 земји за водење бизнис според „Дуинг Бизнис 2020“ и според кои фактори се рангирани?

7 сеп. 2020 г.·2 мин читање·104 прегледи

Следете не на Viber

Согласно податоците на годишниот извештај на Светска банка „Дуинг бизнис 2020“ топ 20. земји за водење бизнис се рангирани согласно прецизни 12 критериуми.

Рангирањето на листата се прави согласно  12 клучни фактори во текот на целиот животен век на бизнисот:

  1. Започнување на бизнис
  2. Вработување работници
  3. Издавање на градежни дозволи
  4. Добивање на електрична енергија
  5. Регистрација на имот
  6. Добивање кредит
  7. Заштита на малцинските инвеститори
  8. Плаќање даноци
  9. Тргување преку граници
  10. Договор со Владата
  11. Извршување на договори
  12. Решавање на неликвидност

На првото место четврта година по ред е Нов Зеланд каде ви е потребно само половина ден за да започнете бизнис. Сингапур се издвојува по тоа што има најкраток временски рок кога станува збор за плаќање данок на деловна активност и спроведување деловни договори.

Само две африкански земји Руанда и Маурициус се наоѓаат во првите 50 земји, а Маурициус е единствената земја меѓу топ 20 листата.

Економиите на Латинска Америка недостасуваат на рангирањето, бидејќи многу земји во овој регион се преполни со бирократија и пролонгирани процеси.

Од 190 земји разгледани минатата година, само 115 го олесниле деловното работење на претприемачите.

ТОП 20 земји за водење бизнис

1. Нов Зеланд
2. Сингапур
3. Хонг Конг
4. Данска
5. Северна Кореа
6. САД
7. Џорџија
8. Обединето Кралство
9. Норвешка
10. Шведска
11. Литванија
12. Малезија
13. Маурициус
14. Австралија
15. Тајван
16. Обединети Арапски Емирати
17. Северна Македонија
18. Естониа
19. Латвија
20. Финска

 

Од европските земји, најдобро позиционирани на листата на Дуинг бзинис се Данска, Норвешка, Шведска и Литванија, додека земјите од регионот се меѓу 37. и 90. место.

Словенија е рангирана на 37. место, Србија на 44., Црна Гора на 50., Хрватска 51., Косово 57., Албанија 82. и Босна и Херцеговина на 90. место.

Клучни зборови

  • бизнис
  • клучни фактори
  • топ 20 земји
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk