Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Ангеловска-Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите

5 јун. 2020 г.·2 мин читање·206 прегледи

Следете не на Viber

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска учествуваше на 43. средба на Клубот на гувернерите на централните банки од Централна Азија, Црноморскиот Регион и Балканот, која заради околностите коишто ги наметнува пандемијата на ковид-19 се одржа телеконференциски. На средбата учествуваа гувернери и други претставници на централни банки од околу дваесет земји.

Настанот претставуваше одлична можност за размена на искуства помеѓу централните банки во врска со справувањето со предизвиците од корона-кризата. Искуствата покажуваат дека реакцијата на централните банки, во основа е преку намалување на основната каматна стапка, ослободување ликвидност во банкарскиот систем преку различни монетарни инструменти и проширување на листата на хартии од вредност кои се прифатливи за обезбедување на дополнителна ликвидност на банките од страна на централните банки. Одделно беа посочени и активностите за обезбедување поповолни услови за отплата на банкарските кредити од страна на кредитокорисниците погодени од кризата и стимулирање натамошно поповолно кредитирање, особено на погодените сектори. Сите овие мерки се дел и од веќе преземените мерки на нашата централна банка. Тоа уште еднаш потврдува дека и во текот на актуелната корона-криза, Народната банка, во рамки на своите надлежности остварува максимален придонес за македонската економија.

Во текот на дискусијата беше укажано и на потребата централните банки да имаат постепен пристап при преземањето на мерките и да остават дополнителен простор, со оглед на присутната неизвесност во однос на времетраењето на кризата. Истовремено, беше посочено и на потребата од обезбедување поддршка од страна на централните банки и во периодот кога ќе започне процесот на опоравување на економијата.

Гувернерите ја потврдија заложбата за водење политики кои ги поддржуваат ценовната и финансиската стабилност, а дополнително, во рамки на просторот за делување на централните банки, и поддршка на економското заздравување во времетраење колку што е потребно за да се надмине кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19.

Учеството на Ангеловска-Бежоска на средбата на Клубот на гувернерите е уште една потврда на определбата на Народната банка да биде активен учесник во активностите на централнобанкарската заедница и во овој период, придонесувајќи во размената на искуства и на мислења за можностите за натамошен придонес на централнобанкарските институции во справувањето со корона-кризата.

Погледнете ја листата на 100те најголеми работодавачи во Македонија за 2019-та година! 

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Гувернер на народна банка
  • Клуб на гувернерите
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk