Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Клиниката Жан Митрев договара стратешко партнерство со Balkan Alliance Healthcare

20 јун. 2023 г.·2 мин читање·894 прегледи

Следете не на Viber

Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare ќе стане стратешки партнер на Клиниката Жан Митрев. Преговорите се во завршна фаза. Од Клиниката информираат дека ова партнерство на здравствената установа ќе и овозможи да ги прошири дејностите и да ги подигне на уште повисоко ниво медицинските стандарди во Македонија.

„Ова стратешко партнерство е поддршка на веќе започнатиот проект за прераснување на Клиниката Жан Митрев во регионален медицински центар. На овој начин стануваме финансиски помоќни за да растеме побрзо и да се развиеме во вистински регионален центар за здравствени услуги со највисоки стандарди“, посочуваат од Клиниката.

Исто така, се наведува дека и понатаму на чело на институцијата ќе биде докторот Жан Митрев.

„Според договореното, доктор Жан Митрев, како и досега така и понатаму, ќе ја предводи целата операција на трансформација на Клиниката во регионален центар каде учат и се развиваат и нови кадри на лекари во делот на кардиохирургијата и останатите дејности. Ќе се овозможи и поголема соработка со експерти од странство, а нашиот know how ќе биде искористен за медицинските центри во сопственост на Холандскиот фонд што значи проширување на дејноста на Клиниката Жан Митрев на регионално ниво“, велат од оваа медицинска установа.

Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare е формиран во 2006 година од европски и американски инвестициски фондови како „Southeast Europe Equity Fund II“ (SEEF II) менаџиран од „SEAF – Small Enterprise Assistance Funds“.

„Предводен е од David Lyle Mathewson и Andrei Christian Krikliwy кои се истакнати бизнисмени во делот на инвестициите во здравствениот сектор, телекомуникации, медиуми и финансии услуги. Во делот на здравствениот сектор имаат свои инвестиции во Албанија, Косово, каде поседуваат шест медицински центри. Во планот за регионално проширување се Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Турција и Романија. Вредноста на Фондот во моментов изнесува 320 милиони американски долари“, информираат од Клиниката.

Инаку, Клиниката Жан Митрев, има капацитет од 128 болнички кревети, од кои 74 наменети за интензивна нега. Интервенциите се изведуваат во пет операциони сали. Вработува 350 лица, од кои 50 се специјалисти и суспецијалисти. Освен тоа, има дијагнстички центри во Струмица и Битола, како и една лабораторија.

Клучни зборови

  • Balkan Alliance Healthcare
  • Жан Митрев
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk